Економија, финансии, бизнис

Контакт

Свлечишта и одрони го попречуваат сообраќајот во државата

Свлечишта и одрони го попречуваат сообраќајот во државата
На повеќе локации во земјава, се активираа свлечишта и се појавија одрони. На патот меѓу Кочани и Делчево, поради големи одрони кај селата Калиманци и Дулица близу браната сообраќајот е во прекин. Екипите на ЈП „Македонија пат“ работат на расчистување, а сообраќајот е пренасочен преку Виница-Смојмирово-Делчево. На патот Куманово-Крива Паланка кај селото Страцин, има свлечиште од кал и земја кое зафаќа една лента од коловозот и се појавува по обилни врнежи. Се препорачува внимателно возење, прилагодување на брзината на движење и следење на поставената сигнализација. На патниот правец Битола –Ресен активирано е свлечиште и сообраќајот е во прекин во двата правца. За возилата сообраќајот е пренасочен преку Битола.
Слично

Поврзани вести