Свирепо убиство на адвокат ја шокираше Грција
Познатиот адвокат Михалис Зафиропулос од Атина бил убиен на свиреп начин од двајца напаѓачи кои го застрелале во неговата сканцеларија.
Убиениот адвокат во изминативе неколку години застапувал многубројни обвинети во случаи на корупција, а бил активен и во Адвокатската комора.
Одборот на Комората реши поради неговото убиство една недела да ги запре сите активности на адвокатите во Атина.
Премиерот Алексис Ципрас побара брзо расветлување на случајот, додека претседателот на опозициската Нова Демократија Киријакос Мицотакис изјави дека бил згрозен од убиството на истакнат член на неговата партија.
Слично
