Економија, финансии, бизнис

Контакт

Свежи пари за концесионерот на зоната во Тетово: А како одработе овој владин партнер?

Свежи пари за концесионерот на зоната во Тетово: А како одработе овој владин партнер?

Концесионериот на Технолошко индустриската зона во Тетово, друштвото за инвестиции Нормак Инвестмент груп ќе се докапитализира. Влегуваат свежи 750.000 евра преку издавање долгорочни хартии од вредност по пат на приватна понуда. Одобрението веќе го издаде Комисијата за хартии од вредност, а станува збор за трета емисија во која ќе се издадат 15.000 обични акции во вкупна вредност од 750.000 евра, односно во денарска противвредност од 46.272.825 денари. 

„Согласно актите на друштвото зголемување на основната главнина се врши со трансформирање на заем од единствениот акционер во влог преку издавање на нови акции од трета емисија по пат на приватна понуда, потврдуваат од КХВ.

Нормак инвестмент груп е концесионер во технолошко индустриска развојна зона во Тетово која функционира како јавно приватно партнерство помеѓу Владата и норвешкиот конзорциум кој пак е во сопственост на приватни и државни компании од Норвешка. Кога беше потпишан договрот, во 2013 година Нормак ја доби концесијата на 96 години. Државата ги задржа правата да дава поволности за инвеститорите кои ќе влезат во зоните, без оглед дали се работи за приватен или државен оператор. За дел од експертите тогаш беше дискутабилно дали Владата треба да го помага работењето на инвеститорите-концесионери на зоните. Инаку Нормак ја доби концесијата за вкупно 157 милиони евра, а негова обврска беше да привлече инвеститори во зоната, а на државата - да ја изгради клучката на автопатот Тетово - Скопје.

Според последните податоци од формирање на зоната до денес, во ТИРЗ Тетово вкупно се инвестирани над 40 милиони евра. Дали се исполнети очекувањата? Според планот во првата фаза се планираше да се изградат 25 до 30 индустриски објекти, кои би вработиле близу 7.000 работни места. 

Годинава во мај беше поставен камен темелник на нова заедничка инвестиција на Леар и Нормак која во вториот циклус изнесува 15 милиони евра, а производниот погон се гради на површина од 8.000 м2. Со оваа инвестиција, најави премиерот Зоран Заев, треба да се отворат нови од 1000 до 1500 работни места.

А.Т.

Слично

Поврзани вести