Економија, финансии, бизнис

Контакт

Свету, подготви се: Стигнува нафтен бум и скок од 80%

Свету, подготви се: Стигнува нафтен бум и скок од 80%

Саудиска Арабија очекува 80 проценти раст на приходите од продажбата на нафта до 2023 година.

Тоа би помогнало на кралство да го укнижи првиот буџетски суфицит во десет години, тврдат неименувани извори запознаени со ситуацијата.

Научниците , исто така предвидуваат дека цената на нафтата ќе достигне 75 долари за барел.

Иако основната цел на економски план на саудискиот принц престолонаследник Мохамед бин Саламан, долгорочно гледано е да се намали зависноста на земјата од нафта, високите цени на нафта се од клучно значење за напорите на властите насочени на поддршка на економски раст.

Според шестгодишната програма за урамнотежување на буџетот, саудиски претставници предвидуваат дека растот на цената на нафта и производство ќе ги зголемат нафтените приходи на 801,4 милијарди ријали (214 милијарди долари) од овогодишните 440 милијарди ријали, јави Блумберг.

Слично

Поврзани вести