Економија, финансии, бизнис

Контакт

СВЕТУ ПОДГОТВИ СЕ: Биткоинот скока на 50.000 USD

СВЕТУ ПОДГОТВИ СЕ: Биткоинот скока на 50.000 USD

Цената на биткоинот во наредната деценија ќе скокне на 50 000 долари, тврди аналитичарот Рони Моан.

Тој истакнува и дека за пет години неговата пазарна вредност ќе ја надмине пазарната капитализација на Епл.

„Луѓето мора да почнат да сфаќаат сериозно, бидејќи биткоинот денес го стигна  Goldman Saks, a за пет години ќе го стигне Епл, чија пазарна капитализација надминува 800 милијарди долари“, изјавил Моан од компанијата Стендпоинт рисерч за СиЕнБиСи.

Актуелната пазарна вредност на биткоинот е преку 95 милијарди долари, според податоците на CoinMarketCap.com,  додека пазарната вредност на американската банка Goldman Saks е 93,51 , а Епловата се движи околу 807,83 милијарди долари.

И покрај скептицизмот по повод биткоинот, криптовалутата во вторникот се тргуваше по цена од 5700 долари.

Кога биткоинот во почетокот на годината се тргувал по цена од 2 600 долари, Моан тогаш предвидувал дека неговата цена ќе достигне 5 000 долари

Слично

Поврзани вести