Економија, финансии, бизнис

Контакт

Светските економии да се подготват: Доаѓаат незамисливи шокови

Светските економии да се подготват: Доаѓаат незамисливи шокови

Светските економии мора да се подготват за незамисливи шокови, предупреди денеска директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгијева, коментирајќи ја војната на Блискиот Исток.

„Доколку конфликтот продолжи, јасно е дека може да влијае на расположението на пазарот, растот и инфлацијата и да создаде нови барања за креаторите на монетарната политика“, рече Георгиева на симпозиум во Токио.

Според неа, економските шокови би можеле да следат дури и по завршувањето на конфликтот, па затоа е потребно постојано да се биде подготвен, објави Блумберг.

„Во оваа нова глобална средина, замислете го незамисливото и подгответе се за него“, рече директорката на Меѓународниот монетарен фонд.

Георгиева истакна дека потрајното зголемување на цените на енергијата од 10 проценти во текот на една година би ја зголемило глобалната инфлација за 40 базични поени и би го забавило економскиот раст. Таа препорача земјите да инвестираат во силни институции и политики што поддржуваат отпорна економија и раст предводен од приватниот сектор, како и да го користат расположливиот простор за интервенција кога е потребно.

Георгиева додаде дека Јапонија, која зависи од Блискиот Исток за околу 90 проценти од своите потреби за нафта, сега дополнително го чувствува ризикот од стагфлација поради скокот на цените на нафтата и слабиот јен, што би можело да ја принуди владата во Токио да ги зголеми фискалните расходи.

„Вие ги контролирате вашите домашни политики. Подгответе ја вашата економија да се соочи со овие шокови што е можно подобро“, изјави таа.

Веќе дестина дена трае војната меѓу САД и Израел против Иран. 

foto printskrin youtube
Слично

Поврзани вести