Светските цени на храната се зголемиле најмногу во март од 1990 година
Храната во светот e најскапа во последните 30 години.
Највисоки цени во март се забележани кај растителните масла (23,2 отсто во однос на февруари). Цените се поттикнати од растот на сончогледовото масло поради намалениот извоз од Украина.
Цените на житариците се зголемија за 17,1 отсто на месечно ниво, што е одраз на порастот на пченицата за 19,7 отсто и на пченката за 19,1 отсто. Повторно треба да се потсети дека во последните три години, Русија и Украина учествуваа со околу 30, односно 20 отсто од светскиот извоз на овие житарки.
Агенцијата за храна и земјоделство, ФАО, при Обединетите нации укажува дека светските цени на храната се зголемиле најмногу во март од 1990 година.ЕУ и Индија треба да го зголемат извозот на пченица, а Аргентина, Индија и САД да го зголемат извозот на пченка, со што делумно ќе се компензира загубата на извозот од регионот на Црното Море.
foto freepik.com
