СВЕТСКИ ТРЕНД: Сè помалку муабети на телефон, сè повеќе пренос на податоци
Разговорите по телефон во иднина целосно ќе бидат заменети со новите услуги кои ги овоможува технологијата. Телекомуникациските компании велат дека говорот се помалку ќе се користи, затоа бараат нови решенија кои на корисниците ќе им овозможат брз проток на информации, достапност до интернет и социјални мрежи дури и во најоддалечените места. Од канцеларијата на Дојче Телеком во Прага очекуваат само со користењето на ДАТА услугите да се стопира падот на приходи со кој се соочува групацијат во моментов, па дури и да се овозможи раст на истите од најмалку 4% годишно.
До операторот корисниците ќе можат да дојдат и со отпечаток од прст или со рожницата од окото. Се разгледува и можноста за директно купување на сите уреди од Дојче Телеком преку заеднички услужен центар. Иноваторите во Прага направиле и апликација која ќе им покажува во реално време каде има слободно паркинг место во градот, колку минути се потребни за да се стигне до таму и кое се алтернативите ако некој го зафати тоа паркинг место додека стигнете.
„Фактор“ беше дел од новинарската екипа присутна на презентацијата на најновите истражувања и технолошни иновации во Дојче Телеком Групација во Чешка. Беа присутни и новинари од 5 различни земји од Европа, кои беа гости на Т-Мобиле Чешка и Дојче Телеком, а во организација на Т-Мобиле Македонија.
А.М.
Се испитува можноста за воведување 5Г услуги, каде брзината за симнување на податоци би изнесувала 225 мегабајти во секунда. Разговорите би биле со појасен и почист тон, а симнувањето податоци многу брзо. Исто така се воведува можноста и за гласовна биометрија, каде клиентите ќе се препознаваат по гласот, а операторот веднаш ќе знае со кој корисник разговара и како најбрзо и најдобро да го услужи.„Веруваме дека ДАТА услугите ќе ги зголемат приходите на целата групација на Дојче Телеком. Корисниците се помалку ќе користат говор или СМС пораки, а ќе се насочат кон користење на услугите кои ги нуди најновата технологија. Сакаме на корисниците да им бидат достапни истите услуги кои ги имаат кога се во канцеларија или дома пред компјутер, како интернет, достапност до социјалните мрежи и слично, на кое било место, во кое било време. Дури и кога сте во шума или на море да имате пристап до сите наши услуги“, изјави Владимир Клејн, Главен директор за техника во Т-Мобиле - Чешка.

Слично