СВЕТСКИ ПРИЗНАТИ ПРОФЕСОРИ упатија поддршка за студентите и професорите во Македонија!
Се зголемува бројот на видни светски припадници на академската заедница кои изразуваат морална подршка на своите колеги- професори од Македонија, но и на студентите, откако разбрале и прочитале каква реформа во високото образование се подготвени да спроведат македонските власти. За еден ден на листата за подршка се нашле потписите на светски видни филозофи и професори, како Жарко Пуховски, Сантијаго Забала, Џани Ватимо, Сајмон Кричли, Тод Меј, а се чекаат одговори од Жак Рансиер, Џудит Батлер, Славој Жижек-велат дел од македонските професори кои поттикнаа иницијатива да се чуе мислењето на странските колеги. Универзитетската професорка Гордана Попсимонова вели дека за нивните странски колеги, не само што ваков модел не е познат дури и на најпрестижните универзитети, туку тие биле запрепастени од непочитувањето на академската слобода и интегритет. Во развиените демократии, според нив, и покрај сите слабости и проблеми со кои се соочуваат и тамошните универзитети, универзитетската автономија е високорангирана вредност.
“Иницијативата потекна од нас, професорите. За еден ден добивме подршка од 15-тина врвни светски имиња во неколку области, главно филозофи, а имаме поддршка и од колега од универзитетот во Болоња. Ние сакавме да се „преслушаме“, да видиме што мислат нашите почитувани колеги за воведувањето на државниот испит - дали ќе се сложат со нашите критики или можеби ќе не убедат дека Владата е во право. Дури и го преведовме текстот на англиски за колегите да имаат целосна слика, покрај она што ние можевме да им го кажеме. Одговорите беа еднодушни - не само што ваков модел не е познат на најпрестижните универзитети, туку беа запрепастени од непочитувањето на академската слобода и интегритет. Свесни сме дека ова не е слика на една демократска земја која барем декларативно се стреми да биде членка на ЕУ.
Според краткото време за кое ги добивавме одговорите и писмата на поддршка, заклучуваме колку е очебиен упадот во автономијата на универзитетот. Тоа е жално и за нас, како професори, но бидејќи Владата не убедува дека се води од светски искуства, а е глува за дијалог со нашата академска заедница, моравме да го преземеме овој чекор. Не сме среќни поради тоа, бидејќи овие луѓе не познаваат лично, низ нашата академска соработка, а сега сочувствуваат со нас и се обидуваат да ни дадат академска и морална поддршка”-вели проф.д-р Попсимонова.
Слободната мисла неможе да се стави во “административни пранги”!
За среќа, додава професорката Попсимонова, критичкото размислување не може да биде заложник на власта, бидејќи слободната мисла не може да се стави во никакви административни пранги. Токму затоа,потенцира, таа останува единствено оружје против неразмислувањето, против неразумот.
“Да го цитирам проф. Мухиќ – министер се избира и му завршува мандатот, а професор се станува и останува. Ова што го правиме деновиве, поттикнати и од нашите студенти, е токму доказ дека сме вистински професори, кои не се кријат зад своите студенти, туку интелектуални битија кои држат до себе и кои се чувствуваат понижени од третманот на властите, чиј главен аргумент е дека сме наводно корумпирани. Тоа го отфрламе со индигнација и го сметаме за клевета - ако имаат докази за корупција и нелегално издавање дипломи, нека ги санкционираат тие професори. Ние сме подготвени да ги преземеме сите мерки кои ни се на располагање за да не потклекнеме”-нагласува проф.д-р Попсимонова.
Според неа, доколку државата сака да спроведе реформи или да воведе стандарди, таа треба да создава институционални и други услови, но не интервенира директно. Директната интервенција во интегритетот на еден автономен субјект е спротивна на принципите на демократија, барем онака како што се формулирани од страна на ЕУ, на пример, Копенхашките критериуми. Ова што се случува години наназад, додава проф. Попсимонова, ама сега во најотворена форма, е буквално автократско однесување - според школската дефиниција на поимот. Автономијата на универзитетот, потенцира, е нешто што е барем едно ниво погоре од ова најбазичното - државен интервенционизам во суверенитетот на одлучување на кој било легално постоечки субјект е минимумот кој ниту една држава што претендира да е демократска не смее да си го дозволи. Особено без уважување на јасно искажаните ставови на студентите, професорите, наставничките-совети...
“Да набројам само неколку битни работи, кои власта ги сокрива: според упатствата на Генералниот директорат за образование и култура на ЕУ, формулирани во „Стандардите и упатствата за обезбедување квалитет во European Higher Education Area", екстерна евалуација НЕ СМЕЕ ДА СПРОВЕДУВА НИТУ ЕДНА ИНСТУТУЦИЈА КОЈА Е ПОВРЗАНА СО ИНСТИТУЦИИТЕ НА ДРЖАВАТА, КАКО МИНИСТЕРСТВАТА ИЛИ ДРУГИТЕ ЗАСЕГНАТИ, КАКО УНИВЕРЗИТЕТИТЕ НА ПРИМЕР. Екстерна проверка смеат да спроведуваат само независни агенции (Standards and Guidelines for Quality Assurance in the European Higher Education Area)”-вели проф.д-р Попсимонова.
Екстерна проверка “да” за анализи и рангирања, “не” за рушење на универзитетската автономија!
Екстерната евалуација, според академската јавност не смее да го дерогира законски обезбеденото право на студирање или законски обезбеденото право на високо образовната институција да спроведува студии, со конечен правен ефект - доделување оцена и диплома. Таа може само да послужи како оценка на квалитет, да се употреби во некакви рангирања и слично но не и ретроактивно да го дерогира легалитетот на студиите.
Студентите, според дел од професорите кои јасно и недвосмислено ги подржа во чистината на нивната заложба и студентска мисла, веќе покажаа дека знаат што треба да прават и без совети. Во тоа, сметаат професорите, е автентичноста на нивниот пристап кон нештата, бидејќи на навреди и етикетирања одговорија со дигнитет и одбија да го симнат нивото на јавна комуникација. На празните флоскули од министерот Адеми,велат, тие излегоа со компаративна анализа на високообразовните системи во западните земји.
“Ова е зрела генерација, и очигледно никој не може да ја манипулира: ниту власта, ниту опозицијата, ниту пак ние професорите... Тие се чекор пред нас! Нивниот глас се слушна и надвор од границите на нашата земја - сега е ред да се слушне и на Илинденска бр. 2”-сметаат дел од професорите.
Власта не попушта: Државен испит ќе има!
Прашањето кое во моментов се поставува во јавноста е што доколку власта остане на одлуката “на мускули” да го донесе новото законско решение кое предвидува воведување на државен испит за студентите и покрај децидниот став против реформата?!
Од Студентскиот пленум се децидни дека вакви нови решенија не се потребни и нема да го подобрат квалитетот во високото образование. Според дел од професорите, ако законските измени се донесат против нивната волја, јавно опоменуваат дека резултатите ќе бидат погубни.
“Точно е дека авторитарната власт може се` - на краток рок! Дури сме свесни и дека дебатата која деновиве се води по втор пат на универзитетите е гола форма, без суштина. Премиерот изјавува дека државен испит ќе има, сакале ние или не - и од нас, како поданици очекува да се впуштиме во дискусија околу модалитетите. Ние тоа го одбиваме со индигнација! Ако не се најдат соодветни решенија за состојбите во високото образование, кое понекогаш мора да глуми научно истражувачка дејност оставено без средства, без пристап до литература, или дури и тој фамозен “Web of Science” на кој не е претплатен ниту еден универзитет или факултет, за престој во странство, нашите умни млади луѓе со мирно срце ќе почнат да заминуваат и да дигаат раце од оваа земја”-вели универзитетската професорка Гордана Попсимонова.
Професорите, според неа, располагаат со силна критичка свест, ама и самокритичка, но немаат партнер во властите. Државниот испит, додава, не е решение за универзитетското образование, тој е начин како истото да се укине и стане државна алатка.
“Ќе оставиме да видиме што ќе се случува во наредниот период, но не престануваме да опоменуваме и да се обидуваме да наметнеме рационален дискурс-нагласува проф. Попсимонова, која подржана од значителен број свои колеги од научната фела завршува:
“Нација која не си ја почитува академската фела нема иднина, без оглед на сите приказни за славното минато”.
С.Б.

Слично