Економија, финансии, бизнис

Контакт

СВЕТСКИ ПАЗАРИ: Индексите паднаа после две недели раст!

СВЕТСКИ ПАЗАРИ: Индексите паднаа после две недели раст!

На светските берзи цените на акциите минатата недела паднаа, после две недели раст, поради серијата на послаби од очекуваните економски показатели наведуваат инвеститорите за повлекувањето од пазарот.

На „Wall Street“ минатата недела „Dow Jones“ ослабна 1,2 посто, на 17 832 поени, додека  S&P 500 се лизна на 1,5 посто, на 2058 поени, а Nasdaq индексот 1,7 посто, на 4726 поени.

Во минатата година „Dow Jones“ зајакна за 7,5 одсто, додека S&P 500 скокна 11,4, а Nasdaq индексот 13,4 посто. Добар дел од тие добивки индексите ги оствариле во последните лански недели.

Од половината на декември, кога Фед порачал дека ќе биде „трпелив“ по прашањето зголемување на каматите, па до 29 декември, S&P 500 скокна речиси 6 посто, достигнувајќи го највисокото ниво во историјата.

Но во последните три трговски дена тој индекс паднал, а како инвеститорите на почетокот на новата година ги прилагодуваат своите позиции, најважното прашање ќе биде дали тие високи нивоа на цени се одржливи, со оглед на слабоста на некои од најголемите светски економии.

Јапонија е во рецесија, еврозоната расте анемично, додека растот на кинеската економија се забавува, на што укажуваат низата на последните макроекономски показатели.

 „Немаше потреба за многу корегирање на цената на акциите бидејќи S&P 500 индексот скокнал во многу краток период од 1970 на релиси 2100 поени, па е разбирливо што дел од инвеститорите одлучиле да се повлечат од пазарот“, вели Сивен Масока, директорот во фирмата „Wedbush Equity Management“.

Поголеми осцилации на цената на акциите, се последица на исто така, слабиот обем на тргување, што е вообичаено за периодов.

Со тоа, цените на нафтата не успеваат да се стабилизираат. И во новата година влегоа со лизгање на нови најниски нивоа во пет ипол години.

И на европските берзи цените на акциите минатата недела паднале. Лондонскиот FTSE индекс ослабнал 0,95 посто, на 6547 поени, додека франкуфуртскиот DAX се лизна 1,60 посто на 9764 поени, а париски CAC 1,0 посто, на 4252 поени.

Слично

Поврзани вести