Економија, финансии, бизнис

Контакт

Светски економски форум: Македонија на 63-то место по конкурентност на економијата

Светски економски форум: Македонија на 63-то место по конкурентност на економијата
Македонија е рангирана на 63-тото место во светот според конкурентноста на економијата на најновата ранг-листа што ја изготви Светскиот економски форум. За земјава тоа е подобрување од 10 места во однос на ланската година, кога беше рангирана на 73-тата позиција. Индексот на конкуреност на Македонија изнесува 4,26 на скалата од 1 до 7.

Рангирањето на Светскиот економски форум опфаќа вкупно 144 земји. Од регионот, Бугарија е на 54. место, Црна Гора е на 67. место, Словенија на 70. место, Хрватска на 77., Грција 81., Србија 94. и Албанија на 97. место. Во извештајот нема податоци за Босна и Херцеговина и Косово.

Најконкурентна економија во светот е Швајцарија, која ја задржува лидерската позиција од рангирањето за 2009-2010 година, кога за првпат ги симна САД од првото место како резултат на глобалната финансиска криза. На врвот на листата, веднаш зад Швајцарија следуваат Сингапур, САД, Финска и Германија. Успехот на швајцарската економија се должи на нејзината ефикасност, иновациите и макроекономската стабилност, но земјата се соочува со тешкотии за наоѓање квалификувани работници. На последно место годинава е економијата на Гвинеја.
Слично

Поврзани вести