Економија, финансии, бизнис

Контакт

СВЕТСКИ ЕКОНОМСКИ ФОРУМ: Давос под силно полициско обезбедување-Еве каде ќе биде светската елита три дена!

СВЕТСКИ ЕКОНОМСКИ ФОРУМ: Давос под силно полициско обезбедување-Еве каде ќе биде светската елита три дена!

Светскиот економски форум во Давос во вчерашниот објавен извештај ги повика светските влади како клучна цел да го стават зголемувањето на животниот стандард на граѓаните, а не како досега економскиот раст.

Во извештајот, објавен пред денешното официјално отворање на форумот, се оценува дека повеќето земји „пропуштаат важни шанси да го подобрат економскиот раст и истовремено да ја намалат нееднаквоста“, која е една од клучните теми на овогодишниот собир.

Форумот објави и дека насочувањето на вниманието на економскиот раст, што е случај во последните години, веќе не и служи на целта и предложил политиката да се пренасочи на „ефективни одговори на несигурноста и нееднаквоста кои го следат технолошкиот развој и глобализација“.

Основачот на елитниот политички и економски собир во Давос Клаус Шваб рекол дека 47-от Светски економски форум во тој швајцарски град се одржува во неверојатен историски момент кога трансформацијата ја погодува индустријата и општеството.

На Светскиот економски форум, кој официјално стартува денеска и трае до 20 јануари се очекува учество на 3 000 политички и економски светски лидери.

Швајцарското село Давос, каде се одржува форумот, во текот на целата година изгледа како и секое друго алпско скијачко село, но пред почетокот на собирот на политички и економски лидери се претвора во тврдина. Барикади, силни полициски сили и обезбедување, пунктови за проверка, ограничување на летовите на авиони, се само дел од мерките за безбедност.

Се проценува дека вкупната цена на обезбедување на Давос чини околу 9 милиони швајцарски франци.

Сепак, Македонија веќе 14-та година по ред нема свој претставник на овој скап собир. Србија јави дека нивниот премиер ќе биде дел од настанот.

А како изгледаат забавите и колку чинат прочитајте повеќе овде!

(ФОТО) ЕЛИТНИ ЖУРКИ НА СВЕТСКИ ЛИДЕРИ И БИЗНИСМЕНИ: Карти и до 500 000 евра, добивката на организаторите НЕВЕРОЈАТНА!

Слично

Поврзани вести