Економија, финансии, бизнис

Контакт

СВЕТСКИ ДЕН НА ШТЕДЕЊЕ: Ви откриваме кaко месечно да заштедите 100 евра со помош на три трикови

СВЕТСКИ ДЕН НА ШТЕДЕЊЕ: Ви откриваме кaко месечно да заштедите 100 евра со помош на три трикови

На 31 октомври се одбележува светскиот ден штедењето. Ние ви откриваме неколку трикови за штедење.

Со помош на три трикови месечно можете да заштедите по 100 евра, а при тоа да не сте на товар на родителите или некој друг член од семејството. 

Оставете ги цигарите

Ако пушите по една кутија цигари дневно, откажете се. Месечно можете на овој начин да заштедите и по 3000 денари. Освен што ќе имате повеќе финансии, ќе придонесете и за вашето здравје. 

Автомобил возете само за викенд 

На работа одете со градски превоз. На овој начин ќе заштедите, но и ќе избегнете метеж во сообраќајот. 

Внимавајте каде, што и колку јадете

Не купувајте храна додека сте на работа, не нарачувајте, туку подгответе си до дома и со тоа ќе ви останат уште 1500 денари во домашниот буџет. 

Со ваков начин на штедење за 6 месеци ќе имате доволно пари за еден убав одмор или некое подалечно патување. 


foto: freepik.com

Слично

Поврзани вести