Економија, финансии, бизнис

Контакт

СВЕТСКИ ДЕН НА ДИЈАБЕТЕСОТ – Дијабетичарите бараат оставка од Тодоров

СВЕТСКИ ДЕН НА ДИЈАБЕТЕСОТ – Дијабетичарите бараат оставка од Тодоров
Денешниот 14 ноември се одбележува како Светски ден на дијабетесот. Оваа година активностите се насочени кон здравата исхрана и нејзината важност за спречување на дијабетес Тип 2. Но во Македонија, незадоволни од нивниот третман и неодамна предизвиканата инсулинска криза, дијабетичарите и родителите на децата со дијабетес од организацијата „Баланс МК“ бараат министерот за здравство Никола Тодоров да си поднесе оставка. „Што се однесува пак до колку вештачки, толку и намерно предизвиканата инсулинска криза во државата, а која благодарение на упорноста на самите дијабетичари и донацијата на “спорните” инсулини вредна близу 700 000 евра од страна на Новонордиск - Македонија брзо се надмина, само уште еднаш јасно ќе нагласиме: исто така жестоко ќе реагиравме и ќе се боревме против административна промена на терапија наметната од ваша страна, а се со цел да се заштедат средства и доколку се потрошеа залихите на било кој од инсулините на другите производители. Овој пат министре Тодоров, а по повод Светскиот ден на борбата со дијабетесот, би Ви го предложиле следново: ОСТАВКА! - oд местото минисер за здравство. Или, можеби подобро, предлог до премиерот Груевски: бидејќи министерот за здравство е многу “брижен” за заштедите од буџетот на РМ, а на сметка на здравјето на околу 43.000 лица со дијабетес, да ве “преротира” во минисер за финансии или економија или можеби и да измисли некој ресор кој што ќе одговара само на вашите квалитети и да ви дозволи да го „разработите“ и да го направите профитабилен“, стои во соопштението. Од оваа асоцијација бараат иглите што се користат за инсулинска терапија на бебињата и децата со дијабетес да се стават на позитивна листа. Притоа се нагласува дека во Македонија еден дијабетичар во просек троши по 20 евра за една кутија игли за месец до два и оти и за децата се користат исти игли од 6 мм, како и за возрасни, што не е правилно бидејќи кожата и поткожното ткиво се различни кај секого. Според податоците на Баланс МК, во земјава има приближно 200.000 лица со дијабетес тип 1 и тип 2. Од нив, околу 43.000 лица примаат инсулин, а на Детската клиника на годишно ниво се регистрираат околу 30 деца со дијабетес тип 1 (инсулин зависен).  
Слично

Поврзани вести