Економија, финансии, бизнис

Контакт

Светската банка и ОН повикуваат за повеќе помош за бегалците

Светската банка и ОН повикуваат за повеќе помош за бегалците

Шефот на Светската банка рече дека ќе работи со Исламската банка за развој за нудење на заеми на земји, кои паднале во кризи предизвикани од масовното бегање од Сирија.

На маргините на годишната средба на Светската банка и Меѓународниот монетарен фонд во Лима, Перу, Џим Јон-Ким ја повика меѓународната заедница да ги обедини напорите за воспоставување на стабилност во овој деликатен регион на светот. Треба да почнеме да инвестираме во нова иднина на Блискиот Исток и Северна Африка.

Не можеме да продолжиме да го правиме она што го правевме досега, истакна Ким. Тој посочи дека 15 милиони луѓе од Блискиот Исток биле принудени да ги напуштат своите домови и истакна дека ова е најтешката бегалска криза во светот по Втората светска војна.

Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун рече дека има повеќе од 10 милиони луѓе во Сирија и соседните земји, кои итно имаат потреба од хуманитарна помош. Бегалците се веќе над 4 милиони, ситуацијата е застрашувачка, рече тој. Бан додаде дека кризата се продлабочува и рече дека руските воздушни напади не довеле до напредок во битката против Исламската држава, туку само го влошиле проблемот.

Слично

Поврзани вести