Економија, финансии, бизнис

Контакт

Светската банка и даде на Србија кредит од 36,2 милиони евра

Светската банка и даде на Србија кредит од 36,2 милиони евра

Светската банка и одобри на Србија кредит во висина од 36,2 милиони евра за проектот за подобрување на системот за управување со недвижностите во земјата.

Кредитот ќе му помогне на Белград да состави точни, целосни и електронски достапни базаи за информации во врска со сопственоста на недвижниот имот.

„Проектот е поддршка на напорите на српската влада за реформи кои ќе помогнат за создавање на подобри услови за работа и отворањето на нови работни места“, изјавил претставникот на Светската банка во Србија Тони Верхеин. Тој додал дека пристапот до информации за недвижностите ќе ги привлече инвеститорите и ќе ги намали трошоците во секторот.

„Иако Србија во текот на последните 10 години значително ја подобри состојбата на регистрите на недвижен имот, но оваа област се уште заостанува зад стандардите на Европската унија“, соопштија од Светската банка.

Слично

Поврзани вести