Економија, финансии, бизнис

Контакт

Светска здравствена организација: Ситуацијата во Србија е трагична!

Светска здравствена организација: Ситуацијата во Србија е трагична!
Ситуацијата во Србија е трагична, а Светската здравствена организација (СЗО) ја проценува состојбата, пред се во врска со снабдѕвањето со вода за пиење и санитарните услови, за да предложи мерки за заштита на јавното здравје, вели високиот претставник на СЗО Оливер Шмол. „Ситуацијата е навистина трагична. Гледаме сериозни последици од поплавите, кои се одразуваат како на економски план, така и во хаосот низ целата земја“, нагласи Шмол. Неговата мисија во Србија е да ја процени здравствената ситуација по катастрофалните поплави што ја зафатија оваа земја. Во моментов, епидемиолошката состојба во Србија е стабилна, но се стравува дека по повлекувањето на водата можна е појава на заразни болести. СЗО ги предупредува евакуираните граѓани кога ќе се вратат во своите домови и ќе започнат со чистење, да имаат на ум дека талогот што го донела водата во нивните домови би можел да биде загаден со токсични хемикалии или со фекалии поради излевањата на канализациите. „Затоа многу е важно, по враќањето во домовите, жителите да ги применуваат хигиенските мерки најдобро што можат - редовно да мијат раце о да ја одржуваат личната хигиена на високо ниво, но и да ги советуваат децата никако да не си играат во водата затоа што може да е загадена“, вели експертот на СЗО Шмол.
Слично

Поврзани вести