Светска банка во Скопје додели сертификати за систематска дијагностика
Директорот на Канцеларијата на Светска банка во Скопје, Марко Мантованели ги додели сертификатите на Борче Треневски, Ѓорги Димески и Симона Ковачевска за трите најдобри трудови од Повикот за доставување на кратки трудови поврзани со подготовката на Систематската дијагностика на земјата за Македонија на Светска банка.

Истата се подготвува во соработка со националните власти и останатите чинители во земјата и има за цел да ги идентификува најкритичните препреки и можности за да се стави крај на ектремната сиромаштија и да се промовира заеднички просперитет на одржлив начин.

Благодарност до сите кои кои учествуваа на повикот со своите трудови и нивниот интерес за идниот развој на земјата, упатија од Канцеларијата на Светска банка во Скопје.
