Економија, финансии, бизнис

Контакт

Светска банка: Во Македонија започнуваат да се создаваат работни места

Светска банка: Во Македонија започнуваат да се создаваат работни места
Приватниот сектор во Македонија започнува да создава работни места, а резултати треба да дадат и владините мерки за намалување на невработеноста, очекуваат од Светска банка. Во изминатите години преземени се доста реформи во делот на политиките за вработување и очекуваме да видиме резултати, се оценува во Извештајот на Светска банка за Европа и Централна Азија „Назад на работа: Раст со работни места во Европа и Централна Азија“, кој денеска беше презентиран во Скопје. Сепак се истакнува дека работните места и натаму остануваат прашање со исклучителна важност за земјава.
„Невработеноста е многу висока, а половина од населението меѓу 15 и 64 години е невработено. Македонија презема чекори за да се надмине таквата состојба и невработеноста во последната година падна под 30 проценти. Тоа е пат кој треба да го изодиме заедно“, рече директорот на Светска банка во Скопје, Татјана Проскурјакова, која додаде дека Македонија и Светска банка работат на заедничка стратегија која е насочена кон намалување на невработеноста. Во Извештајот е посочено дека реформите што ги презема Македонија во изминатите години би требало да покажат резултати во однос на отворањето нови работни места, како што претходно тоа веќе се случило во други земји, како Полска и Турција.
Слично

Поврзани вести