Светска банка прогнозира стабилен економски раст во Македонија
Економската клима во земјава позитивно оценета од експертите на Светска банка кои прогнозираат дека Македонија и во наредните две години ќе забележи најдобар економски раст во споредба со земјите од регионот.
Ова стои во најновиот извештај на Светската банка за економските перспективи на регионот на југоисточна Европа.
Економските аналитичари на Светската банка прогнозираат дека оваа година Македонија ќе оствари економски раст од 3,5 отсто, а стабилен економски раст предвидуваат и за наредната 2016 година кога според нив се очекува македонската економија да забележи пораст од 3,8 проценти.
Според овие проценки Македонија и натаму останува на лидерската позиција по однос на економскиот раст во регионов.
Податоците на експертите во економијата од Светската банка велат дека најлоши се прогнозите за српската економија за каде велат дека оваа година се очекува пад од 0.5 отсто, додека за наредната година се очекува минимален пораст од 0,5 отсто.
Според прогнозите на Светска банка, Хрватска ќе забележи раст од 0.5 отсто оваа и 1,2 отсто во наредната година. Албанија се очекува годинава да оствари економски раст од три проценти, а за наредната година прогнозите велат дека економскиот раст во земјата ќе биде четири отсто.
Слично
