Економија, финансии, бизнис

Контакт

Светска Банка одби да и даде 50 милиони долари на Црна Гора

Светска Банка одби да и даде 50 милиони долари на Црна Гора
36 милионите евра кредит кои Црна Гора ги бараше од Светска банка нема да бидат одобрени од страна на банката за земјата, поради зголемување на јавниот долг , објави шефот на канцеларијата на Светската банка за Црна Гора и Босна и Херцеговина, Анабела Абро. Со цел да се зголеми конкурентноста во 2012 година Светската банка во Црна Гора започна со изработка на програми за поддршка на активностите за фискална консолидација и реформи, поради што се планираше програма за буџетската поддршка во износ од 50 милиони долари( 36,2 милиони евра ). Но, програмата мораше да се откаже, откако владата одлучи да инвестираат во изградба на приоритетни делови од автопатот Бар-Болјаре во износ од 809 милиони евра. Со оглед на влијанието на овие одлуки врз одржливоста на јавниот долгот, СБ се откажал од подготвувањето буџетска поддршка”., објасни Абро.
Слично

Поврзани вести