Економија, финансии, бизнис

Контакт

Светска банка објави што ја очекува Македонија во следните три години

Светска банка објави што ја очекува Македонија во следните три години

Според Светска банка, БДП годинава ќе порасне за 2,4 отсто, а стапката на инфлација ќе биде 9,3 проценти.

Растот за следната година се очекува да биде 2,7 отсто, а во 2025 од 2,9 проценти. Ова е прогнозата на Светска банка во пролетниот Економски извештај за регионот на Европа и Централна Азија. Стапката на инфлацијата,  годинава ќе изнесува 9,3 отсто, во 2024 ќе се намали на 3 проценти, а во 2025 година ќе падне на 2 проценти.  Светска банка во делот од извештајот за Македонија наведува дека и покрај брзото закрепнување по ковид-пандемијата, енергетската криза го намали растот и ја подигна инфлацијата на највисоко ниво во последните две децении,  оптоварувајќи ги јавните финансии во услови на пораст на трошоците за задолжување. Инфлацијата се забрза и го достигна врвот од близу 20 проценти кон крајот на 2022 година. Проблеми со инфлацијата имаат и многу развиени земји, но полека таа се стабилизира. 

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести