Економија, финансии, бизнис

Контакт

Светска Банка ни доделува заем од 83 милиони евра за автопатот до Бугарија

Светска Банка ни доделува заем од 83 милиони евра за автопатот до Бугарија

Бордот на директори на Светската банка денеска одобри заем во износ од 83 милиони евра за изградба на автопат помеѓу Скопје и граничниот премин Деве Баир, Ѓуешево од бугарска страна.

Средствата се наменети за изградба на делницата од Ранковце до Крива Паланка, на 10 километри од бугарската граница.

Овој автопат е дел од „Коридорот 8“, кој ги поврзува Бугарија, Македонија и Албанија.

Изградбата ќе трае 3 години и делницата треба да биде отворена во 2019 година.

Ова е трет транспортен проект кој Светската банка го финансира во Македонија.

Слично

Поврзани вести