Економија, финансии, бизнис

Контакт

СВЕТСКА БАНКА: Македонија да ги намали сиромаштијата и невработеноста!

СВЕТСКА БАНКА: Македонија да ги намали сиромаштијата и невработеноста!

Во последниот денеска соопштен извештај на Светска банка се порачува Македонија да се сконцентрира на внатрешно-политичките превирања и истите да ги надмине бидејќи претставуваат ризик фактор за одлуките за нвестирање и намалување на економската активност.

Од институцијата велат дека во тековната година очекуваат економскиот раст да биде ист како ланскиот 3,7 посто со нагорна линија и зголемување на 4 отсто во следната 2017 година.

Во извештајот на банката се нотира дека Македонија мора да се насочи кон намалување на сиромаштијата и невработеноста и да се приближува до стандардите на живот на ЕУ.

„И ескалацијата на бегалската криза може да биде ризик за македонската економија, особено ако ЕУ одлучи да ги затвори своите граници или значително да го ограничи приливот на мигранти, се наведува во Извештајот.

Извештајот беше соопштен од страна на главниот економист на Светска Банка Галина Андонова Винчелете за регионите на Европа и Централна Азија, додека клучните препораки и предизвици ги соопшти регионалниот директор во Светска банка Елен Голдстин.

Слично

Поврзани вести