Економија, финансии, бизнис

Контакт

Светска банка ја обвини Кина за слаб раст на трговијата

Светска банка ја обвини Кина за слаб раст на трговијата

Слабото темпо на раст на кинеската економија и транзиција во земјата се клучна причина која се крие зад силното забавување на глобалната трговија, соопшти Светска банка.

Глобалната трговија пораснала минатата година дури 1,7 одсто, што е значајно забавување во однос на растот од 3,0 одсто од 2014 година, се наведува во најновиот извештај на Светската банка пренесе Франс прес.

Таквото забавување на трговијата, која била еден од клучните двигатели на економскиот раст минатите години, пред се е последица на цикличните промени, а посебно кризата на полето на раст на побарувачката со сировини во азиските земји во развој и во Кина.

Зад тоа забавување, според оценките на СБ, се наоѓа почетокот на економската транзиција во Кина, и преминот од извозно ориентирана економија на модел кој се базира на домашната потрошувачка.

„Урамнотежувањето на кинеската економија ќе влијае на трендовите во светската економија“, порачува Светска банка.

Во извештајот не се дадени проекции поврзани за растот на светската трговија во 2016 , но ММФ неодамна изрази голема загриженост во поглед на глобалната економска активност и светска трговија.

Слично

Поврзани вести