Светска банка ја намали прогнозата за раст на светската економија
Светската банка ја намали својата прогноза на раст на светската економија за оваа година.
Банката сега предвидува дека растот оваа година ќе достигне 2,4 одсто, додека во јануари предвидувала 2,9 одсто што било исто како во текот на 215 година.
Голем проблем е што земјите извознички на сировини се борат со ниски цени.
За економијата на САД се очекува раст од 1,9 одсто, додека во 2015 бил 2,4 одсто.
Во еврозоната се очекува раст од 1,6 одсто, исто како и минатата година.
Светската банка ја намали својата прогноза на раст од 1,3 одсто на 0,5 одсто.
Прогнозата за Кина останала на раст од 6,7 одсто.
Последните неколку години, Светската банка и ММФ доследно ги намалуваа своите првични прогнози на раст.
Слично
