Светска банка ги подобри прогнозите за растот на македонската економија
Во полугодишниот јунски извештај „Глобалните економски изгледи“ на Светска банка, се прогнозира раст на македонската економија за 1.4% годинава. Според оваа проекција, растот е за 0.4% повисок од прогнозата во јануари.
Очекувањата за 2014 година и 2015 година , остануват на нивото од од 2.5% односно 3.5%. Најголем раст во регионот ќе имаат Турција 3.6 и Косово 3.1%. Економијата на Србија ќе се зголеми за 2, а на Црна Гора за 0.8%.
Светската банка во својот полугодишен извештај проценува дека светската економија годинава ќе порасне за 2,2 отсто, помалку во однос на минатогодишните 2,3 проценти и помалку од 2,4 отсто колку што се проценуваше во претходниот извештај објавен во јануари 2013 година.
Слично
