Економија, финансии, бизнис

Контакт

СВЕТСКА БАНКА: Гасификацијата да биде приоритет, пред „Луково Поле“!

СВЕТСКА БАНКА: Гасификацијата да биде приоритет, пред „Луково Поле“!
Европската банка за обнова и развој ќе ги разгледа препораките од Постојниот комитет на Бернската конвенција при Советот на Европа, пред да ја донесе одлуката за финансирање на проектот Бошков мост. Инаку, во ноември 2011, Бордот на директори на ЕБОР, одобри 65 милиони евра кредит на ЕЛЕМ, за изградба на хидроцентралата Бошков мост во Националниот парк Маврово, во случај проектот да ги задоволува сите применливи еколошки услови и стандарди. Но, сега објаснуваат дека немаат префрлено никаква сума на пари за проектот сеуште. „Немаме направено никакво префрлување на средства“, велат од ЕБОР. При тоа од ЕБОР додаваат дека целосно ги прифаќаат препораките на Заседавачкиот комитет на Бернската конвенција, поврзани со Националниот парк Маврово во Република Македонија. А Светска банка пак наместо кон проектот Луково поле ќе се фокусира кон гасификација на Македонија. „Во однос на променетите приоритети на Владата за инвестиции во енергетскиот сектор, од Светската банка беше побарано да обезбеди помош со развој на пазарот на гас во Македонија, наместо на претходно дискутираното вложувања во предложениот проект за хидро Луково Поле. Светската банка започна со важен дијалог во врска со гасификацијата во Македонија и овој дијалог продолжува и понатаму, како и доведување на гас за регионот на Западен Балкан во целина е мулти-фацетирани, мулти-година и многу важен потфат. Светската банка ќе го продолжи својот дијалог со Владата за можни инвестиции во енергетскиот сектор, со што ќе се подобри енергетската ефикасност, намалување на загубите во дистрибуцијата, да се зголеми употребата на гас, како и зголемување на употребата на обновливите извори на енергија“, велат во дописот од Светска банка за Фактор. Од државните електрани пак, посчуваат дека тие се залaгаат и за енергетика и за екологија и дека ќе ги вметнат препораките за хидроцентралите, добиени од Постојниот комитет на Бернската конвенција при Советот на Европа. Од ЕЛЕМ најавија нова дополнителна студија. „Со новата дополнителна студија која ќе ја изготвиме во целосна согласност  со препораките и според највисоките меѓународни стандарди, ќе се потврди  целисходноста на овој проект и придобивките од него во секоја сфера.“, велат од ЕЛЕМ. Откако алармираа дел од  невладините организации во земјава дека проектите Луково Поле и Боков мост ќе ја загрозат прородата во Националниот парк Маврово, Постојниот комитет на Бернската конвенција донесе препорака за стопирање на секакви инфраструктурни  зафати во националниот парк.
Слично

Поврзани вести