Економија, финансии, бизнис

Контакт

Светозар Јаневски и „Тиквеш“ прогласени за „Најменаџер и најкомпанија на годината“ во Југоисточна Европа

Светозар Јаневски и „Тиквеш“ прогласени за „Најменаџер и најкомпанија на годината“ во Југоисточна Европа
Винарската визба „Тиквеш“ и нејзиниот претседател на управниот одбор - Светозар Јаневски се добитници на меѓународното признание „Најменаџер и најкомпанија на годината“ што гo доделува регионалната канцеларија за Југоисточна Европа на Европското здружение на менаџери и списанието „Еуроменаџер“ (Euromanager). За наградата, која годинава се доделува по 32-ри пат, биле номинирани 2000 менаџери и компании од целиот регион, врз основа на предлозите кои до жири комисијата ги доставуваат досегашните добитници на награда, стопанските здруженија и комори, како и истакнати поединци од академската и бизнис заедницата од Југоисточна Европа. „Оваа меѓународно верификувана награда Ви припаѓа вам и на Вашата компанија заради извонредните резултати во сите сегменти од работењето“, стои меѓу другото во писмото со честитки од жири комисијата на Европското здружение на менаџери, упатено до „Тиквеш“ и господинот Јаневски. Nagrada_Svetozar Janevski   „Ова признание го посветувам на сите мои соработници, партнери во инвестициската групација М6 и вработени во „Тиквеш“. Тоа е резултат на мојата и нивната огромна енергија, вложен труд, знаење, и пред се - нивната доверба во нашата визија за успехот на „Тиквеш“, како водечки производител на вино од нашиот регион, во глобални рамки”, истакна господинот Јаневски, заблагодарувајќи се за наградата. Svetozar Janevski 2 Винарската визба „Тиквеш“ и господинот Јаневски се единствените добитници на годинешната награда од Македонија. Покрај нив, наградата за „Најменаџер и најкомпанија на годината“  им е доделена уште на 24 менаџери и компании од 14 земји од Европа.
Слично

Поврзани вести