Економија, финансии, бизнис

Контакт

СВЕТОТ ШОКИРАН: Нафтата повеќе не вреди ни 0 долари!

СВЕТОТ ШОКИРАН: Нафтата повеќе не вреди ни 0 долари!

Цените на нафтата од послаб квалитет од американската држава Северна Дакота достигна негативна вредност, а купувачот барал од продавачот да му доплати 0,5 долари за барел.

Оваа марка на нафта, која е со многу лош квалитет, пред година дена чинеше 13,5 долари за барел, додека во јануари 2014 година чинела дури 47,6 долари, пишува Блумберг.

Според зборовите на заменик директорот на консалтинг компанијата „Тарнер Мејсон“ ЏонАуерс, доколку продавачот дојде во ситуација да мора да му плати на купувачот за да продаде одреден  производ, единствено што му преостанува е престанок на производство.

Од компанијата велат дека од 2011 година американската компанија „Енбриџ“ престанала да дава свој цевковод за превоз на оваа нафта, и произведувачот морал да користи цистерни и возови, што драстично ги зголемило трошоците.

Во Северна Дакота се произведуваат околу 15 илајди барели дневно.

Слично

Поврзани вести