Светот се соочува со најголемата енергетска криза во историјата
Директорот на Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА), Фатих Бирол, изјави дека конфликтот меѓу Иран, Соединетите Американски Држави и Израел ја создава најтешката енергетска криза со која се соочил светот досега.
Во интервју за Радио Франс Интер, Бирол рече дека „ова е навистина најголемата криза во историјата“, наведувајќи дека сегашната ситуација е влошена од комбинација на кризата на пазарот на нафта и гас и веќе постоечките нарушувања предизвикани од војната меѓу Русија и Украина, објави Ројтерс.
Според него, глобалните енергетски пазари се во полоша состојба отколку за време на претходните големи кризи во 1973, 1979 и 2022 година.
Конфликтот на Блискиот Исток доведе до прекин на поморскиот сообраќај во Ормутскиот теснец, низ кој минува околу една петтина од светската нафта и течен природен гас.
Ситуацијата дополнително го оптовари глобалното снабдување со енергија, кое веќе е погодено од намалените руски испораки во Европа.
ИЕА претходно овој месец објави дека е подготвена да ослободи рекордни 400 милиони барели нафта од стратешките резерви со цел да се ублажи порастот на цените предизвикан од кризата.foto printskrin youtube
