Економија, финансии, бизнис

Контакт

Светот на работ на „нафтена војна“

Светот на работ на „нафтена војна“

Поради големиот пад на цената на сировата нафта, членките на Опек размислуваат за намалување на производството, прв пат од декември 2008 година Иран, бара итна акција како би се стопирал падот, додека арапските шеици сметаат дека за таквата одлука треба да почекаат уште три месеци.

Групата на најмоќни министри задолжени за секторот на нафта наскоро ќе се состанат во Виена за да ја донесат една од најважните одлуки, која би можела да влијае на уште една тенка светска економија - дали да го намалат производството на сирова нафта и да ја одбранат цената од околу 100 долари за барел или да „го отворат џебот“ во очи на зимата во земјите со најголема потрошувачка на црно злато, пишува британски телеграф.

Наглото паѓање на сирова нафта, разоткри длабоки поделби меѓу членките на Опек, во очи на последниот годишен состанок, каде се одлучува колку нафта ќе се произведува.

Некои членки, меѓу кои е Иран, бараат итна акција како би се запрел падот на цената, додека пак рапските шеици сметаат дека за таквата одлука треба да почекаат уште три месеци.

Што и да одлуча, нафтата останува извор на енергија на глобалната економија поради своето директно вилјание на инфлацијат

Цената на нафта од типот „brent“ од 115 долари за барел во јуни, паднала за дваесет одсто.

Во најголемата светска потрошувачка на нафта, САД, цената на „црното злато“ во еден момент минатата недела падна под психолошката вредност од 90 долари за барел, што создаде страв дека многу американски произведувачи би можеле да банкротираат, оценува британскиот весник.

Нафтата од „маслени шкрилци“, чија цена на производство достигнува 80 долари за барел, предизвика енергетска револуција во САД и се заканува дека ќе ја загрижи доминантната положба на блискоисточните произведувачи.

Сепак, моменталното ниво на цената се приближува до границата под која таквата нафта станува непрофитабилна.

Сите погледи сега се вперени во Опек, кој контролира 60 одсто од светските резерви на нафта и околу третина на дневните потреби.

Групата со седиште во Виена може да ја крои светската цена на нафтата исто како што централните банки ги контролираат валутите.

Додека цените од преку 100 долари за барел ги туркаа нивните економии напред, членките на Опек во текот на изминатите децении успеале да ја одржат кохезијата на групата.

Состанокот кој ќе се одржи следниот месец изгледа дека ќе биде најнапнат од арапаската пролет во 2010 со Ирак и Иран подготвени да и се спротивстават на Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати.

Слично

Поврзани вести