Економија, финансии, бизнис

Контакт

Светот ги виде условите во македонските студентски домови, Владата најавува реконструкција

Светот ги виде условите во македонските студентски домови, Владата најавува реконструкција
Катастрофалните услови во студентските домови во Скопје веќе два дена се тема во регионалните и светските медиуми, откако сите ја пренесоа фотографијата во која состојбата во студентскиот дом „Гоце Делчев“ се споредува со таа во норвешки затвор. „Каде би сакале да престојувате - во македонски студентски дом или во норвешки затвор?“ се насловите на текстовите во кои се констатира дека сликата ги прикажува условите во македонските студентски домови како драстично полоши од оние во кои живеат норвешките затвореници. Реагирајќи на ваквите информации, министерот за образование и наука Спиро Ристовски денеска најави дека студентскиот дом „Гоце Делчев“ ќе се реновира на лето. „Имаме готов проект за реконструкција и санација на студенстскиот дом „Гоце Делчев“ кој треба да се реализира во летниот период кога има најмала фреквенција на студенти“, рече Ристовски одговарајќи на прашање по посетата на учениците од паралелката за фудбал при Спортската академија. Во студентскиот дом „Гоце Делчев“ се сместени околу 1200 студенти.
Слично

Поврзани вести