Економија, финансии, бизнис

Контакт

Светот ги удира темелите на нова криза

Светот ги удира темелите на нова криза

Експанзивните фискални и монетарни политики кои ги спроведуваат владите како го поттикнале економскиот раст може да постават темели за нова економска криза.

Тоа го изјавил германскиот минситер за финансии Волфганг Шојбле.

Тие, долго финансирани, фискални политики и политики на монетарно прилагодување биле само насочени успено во поттикнување на растот, при што нивото на јавен и проватен долг во светот сега се преголеми, рекол Шојбле на конференцијата во пресрет на состанокот на министерите за финансии од групата Г20 водечки економии на светот во Шангај.

„Фискалните како и монетарни политики ги достигаа своите лимити. Ако сакате реален економски раст, за тоа не постојат пречки кои ги избегнуваат реформите“, оценил тој и додал дека „приказните за понатамошни поттикнувања само одвраќаат од вистинските задачи кои треба да се следат“.

„Ние, значи, не се согласуваме со пакетот фискални стимулси на Г20 кои некои ги заговараат, поради опасност да не се остварат потенцијалните ризици“, рекол германксиот министер.

Моделот на раст финансиран со долг ги достигна своите лимит, повторил Шојбле, укажувајчи дека тој модел дури „предизвикува нови проблеми, нараснување на балонот на долг и прекумерно преземање на ризик, што економијата ја претвора во зомби“.

Шојбле говорел на конференцијата во Институтот за меѓународни финансии в Шангај пред состанокот на гувернерите на централните банки и министри за финансии на Г20, наведе Ројтерс.

Слично

Поврзани вести