Економија, финансии, бизнис

Контакт

Светот ги повлекува од продажба „марс” и „сникерс”, Македонија неодлучна

Светот ги повлекува од продажба „марс” и „сникерс”, Македонија неодлучна

Парчето пластика кое некој потрошувач случајно го нашол во чоколадото, предизвика да се повлечат од продажба милиони „марс" чоколада низ светот.

Вкупно 55 земји во светот веќе ги повлекле од продажба чоколадцата Марс, Сникерс, Милки веј, Веј минис и Минијатурис бидејќи биле небезбедни, но не и Македонија.

Од Агенцијата за храна и ветеринарство на Македонија велат дека ако добијат каква било потврда оти спорните чоколади се продаваат во земјава, веднаш ќе преземат мерки за заштита на потрошувачите.

„Доколку добие нотификација преку Системот за брзо предупредување за храна и храна за животни на ЕУ дека небезбедни производи од овој производител се наоѓаат на македонскиот пазар, Агенцијата за храна и ветеринарство ќе постапи соодветно и ќе ги отстрани од пазарот" - стои во соопштението.

Производителот предупредува дека сите чоколади Марс и Сникерс со рок на трење од 19 јуни 2016 година до 8 јануари 2017 година не би смеело да се козумираат.

Холандската служба за безбедност на храна на својата веб страница вчера објави соопштение, за кое вели дека е од компанијата "Марс", во кое стои дека во еден од производите било најдено парче пластика што може да доведе до душење.

Слично

Поврзани вести