Економија, финансии, бизнис

Контакт

Светот е пред нова катастрофална економска криза

Светот е пред нова катастрофална економска криза

Нова криза ќе го зафати светот, а три држави ќе бидат на удар. 

Планетата е пред економски хаос, а се заканува нова криза, при што ќе „горат“ САД, Франција и Британија.

Глобалната економија е исправена пред многу предизвици, од технолошка промена и глобализација до последици на финансиската криза во 2008 година.

Движењата како „Жолтите елеци“ се шират низ светот и стануваат масовни, покажува новото истражување на ММФ и Еделмен.

Протестите слични на оние во Франција ќе станат почести.

Истражувањето на Еделмен покажува дека довербата на институциите брзо опаѓа, а се поголем е јазот помеѓу народот и светската елита.

Се прогнозира дека ќе има женски маршеви во Индија и незадоволство на работниците ќе почне да се шири. 

Граѓаните во земјите како што се САД, Франција и Велика Британија, ќе ја направат следната економска криза катастофална. 

Ова не е прва ваква прогноза дека се очекува уште една економска криза во светот. 

Големата финансиска криза од 2007 година е финансиска криза предизвикана од намалувањето на ликвидноста на банкарскиот систем во САД. Таа доведе колапс на многу финансиски институции, потпомагање на банките од национални влади и падови на берзанските пазари ширум светот. На многу места, страдаше и пазарот со недвижнини. 

Слично

Поврзани вести