Светот е пред нова економска криза?
Можна е рецесија во светот по неколку стабилни години, покажаа проценките на Ситигруп банката.
Оттаму велат дека долгогодишните проблеми во светската економија се однесуваат на структуралното и циклично забавување на Кина и нејзиниот неодржлив режим на девизен курс, задолженоста во многу земји од светот и на тековната регионална и геополитичка криза.
„Според нашето мислење, растот на глобалната економија е на многу несигурна точка, по две до три години на релативен мир“-велат економисти од Ситигруп.
Тие истовремено ја ревидираа прогнозата на растот на глобалната економија за 2016 година на 2,5 отсто, од претходно проектираните 2,7 отсто.
Ситигруп смета дека за избегнување на рецесијата и поголемо забавување на потенцијалниот раст на бруто-домашниот производ, на светот му е неопходна лабава монетарна политика комбинирана со фискални поттици и структурни реформи.
Слично
