Економија, финансии, бизнис

Контакт

Светот е далеку од крај на пандемијата, тврди СЗО

Светот е далеку од крај на пандемијата, тврди СЗО

Рано е за ставање крај на пандемијата на коронавирусот. Таа е далеку од завршена, предупреди генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејесус.

Гебрејесус кажа и дека коронавирусот продолжува да се шири и дека се уште има пречки во дистрибуцијата на вакцини, тестови и третмани.

Вели дека тестовите што можат да откријат нови варијанти на коронавирусот се извор на загриженост, бидејќи многу земји драстично ја намалиле употребата на овие тестови. Рече дека стратегијата за тестирање во Јужна Африка овозможи кон крајот на ноември лани да се открие омикронот, сој што сега е доминантен во светот.

СЗО соопшти дека „силно го поддржува итниот и широк пристап“ до „бустер“ доза од вакцините против ковид-19.

Слично

Поврзани вести