СВЕТОТ ДОПРВА ЌЕ СЕ ТРЕСЕ: Што бара Трамп од Арапите за нафтата?
Претседателот на САД Доналд Трамп побарал од Саудиска Арабија да го зголеми производството на нафта поради намалување на цените на горивата.
Трамп на Твитер објави дека од саудискиот крал Саламан побарал да го зголеми производството на нафта до дури два милиони барели дневно, како би се надоместила разликата поради состојбата со производството на нафта во Иран и Венецуела.
„Цените се превисоки и тој се согласил“, вели американскиот претседател.
Тој рекол и дека зголеменото производство на нафта е неопходно поради „немирите и проблемите во Иран и Венецуела“.
Цените на нафтата скокнале минатата недела бидејќи САД повторно воведоа санкции за Иран кој е голем произвдувач на црното злато.
Членките на ОПЕК се согласиле да го зголемат производството, но тоа не влијаело на пазарот.
Саудиска Арабија уште не се огласи, па не е познато дали ќе го прифатат барањето на Трамп да го зголеми производството за два милиони барели нафта дневно.
