Економија, финансии, бизнис

Контакт

СВЕТОТ ЧЕКА: Ќе дојде ли до нова трговска војна?

СВЕТОТ ЧЕКА: Ќе дојде ли до нова трговска војна?

Американците и Кинезите се обидуваат да ја избегнат „трговската војна“, помалку од три недели пред најавеното стапување на сила на американските увозни такси на алуминиум и челик.

„Разговорите се многу добри“, рекол американскиот министер за финансии Стивен Мунчин пред почетокот на вториот, и засега последен ден преговори со потпретседателот на Кина Лиуо Хео.

Пекинг и Вашингтон засега многу оскудно информираат за она што се преговара.

На ист начин, кинеските медиуми исклучително штуро пишуваат за посетата на американската делегација, а настан на денот е подарокот на Си Џинпин-книга од Карл Маркс „Капитал“ на 200 годишнината од раѓањето на авторот.

Укажувајќи на огромниот дефицит на САД во трговијата со Кина и на „нечесната“деловна пракса на Пекинг, Трамп го испрати секретарот Мунчин  да преговара за тоа.

Неговата делегација го собрала врвот на американската трговска политика а обложувањата се високи. 

Кина е подготвена да одговори на даноци од 50 милијарди долари на производи увезени од Америка - соја, автомобили, говедско....


Слично

Поврзани вести