Економија, финансии, бизнис

Контакт

Светлана Црнокрак заштитно лице на премиум брендот ПРОБаланс

Светлана Црнокрак заштитно лице на премиум брендот ПРОБаланс
Хрватската фармацевтска компанија ФармаС ја избра Светлана Црнокрак за заштитно лице на својот премиум бренд – пробиотикот ПРОБаланс за македонскиот пазар. Ексклузивната промоција на заштитно лице се одржа вчера, во клуб ресторанот МКЦ, пред повеќе од 200 гости, претставници од здравството и медиумите. „Главна причина зошто сум заштитно лице на брендот ПРОБаланс, пред се, е тоа што станува збор за природни производи, пробиотици со премиум квалитет кои се грижат за  здравјето на целото семејство. Јас, мојот сопруг и постарата ќерка во различни ситуации ги користиме PROBalans капсулите и PROBalans Имуно, додека за мојата помала ќерка ги употребував PROBalans baby капките. Производите имаат форма прилагодена за сите (капсули и капки), содржат витамини Б, Ц, Д и Цинк, кои дополнително го поттикнуваат имунолошкиот систем и екстракти од камилица и нане докажани во народната и традиционалната медицина. Со еден збор, овие производи ­се се’Anchor што му е потребно на целото семејство при проблеми во дигестивниот систем и со имунолошкиот систем“- рече Црнокрак пред многубројните гости. Според Филип Ачкоски, регионален директор на компанијата (за Македонија, Бугарија, Албанија и Косово), „Светлана Црнокрак е личност која целосно го отсликува брендот. Силна, успешна жена од јавниот живот  и мајка на две деца, но  најважно, промотор на здравјето и здравиот начин на живот“. Со овој настан, хрватската фармацевтска компанија прави исчекор во насока  на доближување на производите кон јавноста. „ПРОБаланс“ е првиот  ФармаС-ов бренд - пробиотик, кој речиси две години е присутен на македонскиот пазар и во регионот. Станува збор за иновативен и квалитетен производ – плод на долготраен процес на истражувања, анализи и следење на неговите ефекти од страна на водечки хрватски стручњаци. Во гамата производи на пробиотикот ПРОБаланс спаѓаат ПРОБаланс капсулите, ПРОБаланс Имуно и ПРОБаланс Бејби наменети за различна примена кај возрасни и деца.
Слично

Поврзани вести