Економија, финансии, бизнис

Контакт

Светлана Броз, внуката на Тито ќе го тужи Николиќ

Светлана Броз, внуката на Тито ќе го тужи Николиќ
Се уште е мистерија што се крие во 11-те вреќи со работите на Тито, депонирани во трезорот на Народната бакна на Србија, уште од 10 април 1982 година. Српската власт го отвори трезорот без присуство на судот и наследниците на Тито, туку само во присуство на тричлена државна комисија предводена од Оливер Антиќ, советникот на Томислав Николиќ. Од основниот суд во Белград изјавија за „Блиц“ дека отворањето на депото не било во нивна надлежност, туку исклучиво во надлежност на тричлената комисија. Внуката на Тито, ќерката на Жарко, Светлана Броз најави дека преку адвокат ќе поднесе тужба против претседателот на Србија, Томислав Николиќ поради кршење на европската конвенција за човекови права и правата на правично и фер судење во оставинска постапка, затоа што никој од титовите наследници или предтсваник од Основниот суд не биле повикани на отворање на депото. -Претседателот на државата си дава себе си за право да формира некаква комисија која навлегува во приватната сопственост на еден починат човек, чија оставинска постапка не може да заврши цели 30 години, изјави Светлана Броз за „Блиц“. Таа е подготвена да оди и до Меѓународен суд за правдата во Стразбур, бидејки според неа Николиќ се поставува себе си над судската власт.
Слично

Поврзани вести