Економија, финансии, бизнис

Контакт

Светлана Броз: Дедо ми го даде името Македонија на една од републиките

Светлана Броз: Дедо ми го даде името Македонија на една од републиките

Извесна д-р Светлана Броз која се претставува како внука на Јосип Броз Тито во колумна за грчкиот веб сајт Екатимерини тврди дека нејзиниот дедо, како претседател на федерацијата Југославија и го дал името „Македонија“ на една од шесте републики. 

Светлана Броз тврди дека Македонците ги направиле сите останати идиоти со тоа што откако било прифатена привремената референца БЈРМ за влез во Обединетите нации продолжиле да го користат уставното име Македонија. 

Исто така во последните декади имало зголемен број на користење на мапи со етничка или географска „Голема Македонија“ што претставувало ширење на национализам. 

„Сакам да истакнам едно едноставно прашање: Ако на некого му презентирате мапа која го нарушува неговиот територијален интегритет, што би очекувале од него? Да ги прифати вашите предлози? Дали би било воопшто возможно, се запрашува Светлана.

Таа исто така наведува парцијална историја на одлуките и резолуциите на Обединетите нации во македонско-грчкиот спор посочувајќи дека македонците биле инаетливи и премногу упорни да ја менуваат историјата тврдејќи го своето право на антиката.

Kолумната која има за цел да испровоцира и ги наруши односите од автор кој тотално нема допирни точки со политика, дипломатија или историја туку само фактот што е ете внука на Тито доаѓа во идеално пропагандистичко време на Екатимерини пред почетокот на обновените преговори меѓу Македонија и Грција под покровителство на преговарачот Метју Нимиц во Брисел и долгите обиди за создавање пријателска клима и оптимизам за разумно решение наместо барања терминот Македонија да се избрише од името на Република Македонија.


Слично

Поврзани вести