Економија, финансии, бизнис

Контакт

Светиниколскиот бизнисмен Зоран Даневски екстрадиран од Бугарија

Светиниколскиот бизнисмен Зоран Даневски екстрадиран од Бугарија

Бизнисменот Зоран Даневски е екстрадиран од Бугарија и се наоѓа во затворот во Штип, пренесува Либертас. 

Даневски, кој беше во бегство пред неполни две години доби две години затвор за донесени одлуки без согласност и одборение на Собранието на доверители во Агро комбинатот „Џумајлија“.

Според судот, тој беше прогласен за виновен и му е изречена казна затвор од две години, затоа што одлуките за позајмици на парични средства на неколку фирми меѓу кои и неговата ги има донесено без одлука на Собранието на доверители, а исто така донесувал одлуки без нивно знаење и одобрение за земање кредити.

Во штипскиот Основен суд се водеа уште неколку постапки за Даневски, кој е обвинет за злоупотреба на службената положба и овластување и за затајување на данок при продажба на вино, а во Основниот суд во Свети Николе се водеа постапки против Даневски меѓу кои и за исчезнувањето на државните резерви за жито, чија вредност се проценува на околу еден милион евра.

Слично

Поврзани вести