СВЕТА ВАРВАРА: Се слави светицата која татко и ја пратил во смрт!
Православните верници денска ја слават Светата великомаченичка Варвара која родениот татко ја издал пред Римјаните и ја испратил да ја мачат и убијат затоа што е христијанка.
Варвара е родена во угледно римско семејство и пораснала во изобилие. Меѓутоа, таа одлучила и покрај забраната на родителите да почне да го практикува христијанството, и тоа дури и не го криела.
Таткото Диоскор најпрво ја прекорувал керќа си и ја предупредувал тоа повеќе да не го прави, а на крај одлучил да ја пријави на властите со што практично ја испратил во смрт.
Варвара е убиена на најлош можен начин. Најпрво и се отсечени градите, а потоа и се сечени други делови од телото се додека не испуштила душа.
За нејзините мошти, кои се наоѓаат во Киев, се верува дека се чудотворни и дека ја исцелуваат секоја жена која се помоли на нејзиниот гроб.
