Економија, финансии, бизнис

Контакт

СВЕТА СОФИЈА ЌЕ БИДЕ ПОВТОРНО ПРАВОСЛАВНА: Русите ја замолиле Турција за пријателска услуга!

СВЕТА СОФИЈА ЌЕ БИДЕ ПОВТОРНО ПРАВОСЛАВНА: Русите ја замолиле Турција за пријателска услуга!

Пратениците од државната руска дума ја поддржале идејата да се врати православната црква Света Софија во Истанбул, соопшти претседателот на комитетот за имотни прашања, кординатор на меѓународната парламентарна група за заштита на христијанските вредности Сергеј Гаврилов.

Гаврилов истакнал дека од руска страна е неопходно да се потсети на најстарата светица на целиот христијански свет, Света Софија Цариградска во Турција, во Истанбул, древна византиска црква, чија историја е поврзана со вселенскиот собор, соопштија руските медиуми.

„Очекуваме од турската страна пријателски чекор“, враќање на црквата Света Софија во христијанска црква, изјавил Гаврилов.

Света Софија по отоманската окупација на градот во 1453 година била претворена во џамија, а во 1935 година е претворена во музеј.

Запишана е во листата на културно наследство на Унеско 1985 година.

 
Слично

Поврзани вести