Економија, финансии, бизнис

Контакт

СВЕЧЉА ЗА ПЛАКАТИТЕ СО ВУЧИЌ: Ние го чекаме да дојде и потоа можете да го посетите во затвор

СВЕЧЉА ЗА ПЛАКАТИТЕ СО ВУЧИЌ:  Ние го чекаме да дојде и потоа можете да го посетите во затвор

Вучиќ ќе биде затворен ако се обиде без дозвола да влезе во Косово, вели 

косовскиот министер за внатрешни работи, Џељаљ Свечља. 

Тој изјави дека српскиот претседател Александар Вучиќ, ќе биде затворен доколку се обиде да влезе во Косово без дозвола од косовското Министерство за надворешни работи, како што е регулирано со договор меѓу двете држави, јави дописникот на МИА од Приштина.

Реакцијата на Свечља следи откако денеска во општините во северно Косово, населени со српско мнозинство, се појавија плакати со фотографија на Вучиќ и порака на српски јазик „Врховен команданту, те чекаме“.

„Во текот на ноќта кришум залепиле некои постери на северот на Косово. Велат дека чекаат да дојде претседателот на Србија, нарекувајќи го „командант“. Ако е тргнат без барање до нашето МНР, и ние го чекаме да дојде и потоа можете да го посетите во затвор, каде што веќе се наоѓаат некои негови пријатели“, напиша Свечља.

Заменик директорот на косовската полиција за северниот регион, Ветон Ељшани изјави дека надлежните органи отвориле случај за „предизвикување омраза“. 

Односите меѓу Србија и Косово се затегнати. 

Слично

Поврзани вести