Економија, финансии, бизнис

Контакт

Свечија му се заканува на Вучиќ: Mожам да му ветам тешки денови, недели и месеци

Свечија му се заканува на Вучиќ: Mожам да му ветам тешки денови, недели и месеци

На Вучиќ можам да му ветам тешки денови, недели и месеци, вели косовскиот министер за внатрешни работи Џељаљ Свечија, пренесува Н1 Србија.

Тој обвини дека Вучиќ имал шовинистички тежнеења кон Косово. 

Министерот ова го кажа по изјавата на српскиот претседател Александар Вучиќ дека „се обидуваат да го земат Косово, но Србија нема да дозволи да ѝ се земе ни педа земја“.

За стабилноста на Косово, министерот за внатрешни работи кажа дека таа ќе биде зајакната. 

„Многу брзо ќе му дадеме шанса на секој граѓанин на таа област да живее мирно“, кажа Свечија, мислејќи на северот на Косово каде што живеат Срби.

Вучиќ повторно изјави дека додека е претседател Србија нема да го признае „т.н. Косово“, ниту Косово ќе влезе во Обединетите нации. 

Слично

Поврзани вести