Економија, финансии, бизнис

Контакт

СВАРОВСКИ КОЛЕКЦИЈА, НО И ОПРЕМА ЗА ПРЕРАБОТКА НА МЛЕКО – Банките со богата „понуда“ на подвижен имот на распродажба, еве што се може да се купи

СВАРОВСКИ КОЛЕКЦИЈА, НО И ОПРЕМА ЗА ПРЕРАБОТКА НА МЛЕКО – Банките со богата „понуда“ на подвижен имот на распродажба, еве што се може да се купи

Разни деловни објекти, делови од опрема за фабрики, како и украсни предмети заедно со делови од куќи или цели куќи, земјиште, канцелариски материјали, машини, опрема и разни други предмети се нудат на продажба од домашните комерцијални банки. Нивната крајна цел е секако наплата на нефункционалните кредити, или поточно кредити кои корисниците од одредени причини не успеваат да ги вратат.

Ако се погледнат имотите во дел од банките во Македонија, кои се нудат на продажба ќе се видат дека на листите има куќи, од кои голем дел големи објекти, на два ката, но и многу недовршени објекти, започнати градби, чија замисла не била до крај реализирана.

Забележливо е дека дел од банките имаат повеќе објекти за домување на листите за продажба, додека други банки пак повеќе имаат деловни објекти, или разни машини, опрема за производство...

Па така една од банките нуди комплет комора за фарбање со пумпа и компресор, или автоматска машина за спојување дрво, но и опрема за преработка на млеко составена од дупликатори, кади за сирење и други делови.

Друга комерцијална банка нуди голема колекција на Сваровски кристали, разни украси како велигденски јајца, цветови, мали животни, цвеќиња, коцки, птици... Колекцијата брои над 40 предмети и нивната цена започнува од десетина евра, но најголемиот дел од производите се продаваат по цена околу 50 евра, а има и такви кои чинат над 100 евра по парче.

Олеснувачот посочува дека предметите може да се купуваат и поединечно, а целата листа на производи заедно со цените може да ја видите на овој линк.

Трета банка на продажба нуди трактори, косачки, силажен комбајн, опрема за винарија и ресторанска опрема.

Дел од банките нудат голем број предмети на продажба, кои вклучуваат и недвижен и подвижен имот, но дел од нив имаат мал број на објекти на продажба.

Може да се забележи дека во понудата на банките има голем избор на недвижни објекти, во некои од банките доминираат деловни објекти, но има и такви каде се продаваат голем број приватни имоти.

Кога станува збор за станови, а особено куќи кои се на продажба преку банките, истите чекаат подолг период. Дали станува збор за проблеми со имотните листови, или пак, за друг тип на проблеми, како што се големината објектот и неговата цена.

Сепак, од цените на објектите кои се на продажба, може да се забележи дека цените се многу помали отколку на новите објекти и цената за метар квадратен во главниот град.

Банките се одлучуваат да стават имоти на продажба само како крајно решение. Најчесто тоа е резултат на неможноста на сопствениците навреме да ги вратат земените кредити во банката, кои потоа се одземени поради ненаплатени кредити и сега се нудат на продажба.

Недвижностите кои се продаваат од страна на банките во нашата земја според упатените не спаѓаат во имот кој лесно се продава. Се случува дел од објектите да чекаат години додека да добијат нови газди, па имотите стојат на списоците на банките подолг период.

За оние кои сакаат да купат имот или деловен објект по пониска цена, ќе мора да се потрудат во пребарувањето. Секоја банка на својата веб страна има список или листа од недвижнини кои ги продава.

П.О.

Фото: Фрипик

Слично

Поврзани вести