Економија, финансии, бизнис

Контакт

СУТКОЗ ДО УГОСТИТЕЛСКИТЕ ГАЗДИ - или извинете им се и платете им на работниците, или сами ќе си работите

СУТКОЗ ДО УГОСТИТЕЛСКИТЕ ГАЗДИ - или извинете им се и платете им на работниците, или сами ќе си работите

СУТКОЗ, синдикатот на угостителството и туризмот, како што велат во денешното соопштени, уште на самиот почеток на здравствената криза предупредувале дека ваквата состојба ќе помине, и им укажувале на работодавачите дека работниците во наредниот период нема да им простат на оние газди кои ќе ја злоупотребат ситуацијата и попради нивната себичност, не им исплаќаа плати или им исплаќаа спротивно на Закон и колективен договор, се дрзнаа да не исплатат регрес за годишен одмор, ги отпуштаа незаконски од работа, па за тоа беа и казнувани. 

„Ситуацијата е уште подраматична во угостителскиот сектор, кој го доживеа најголемиот удар за време на пандемијата. На компаниите од угостителството и туризмот им недостигаат 50 проценти од потребниот кадар, пред сѐ келнери, рецепционери, готвачи и помошници готвачи, покажуваат резултатите од интерната анкета која била спроведена од една од коморите“, велат од СУТКОЗ.

Според нив, од почетокот на кризата некои податоци говорат дека од 4 илјади до 20 илјади вработени го напуштиле угостителскиот сектор.

„СУТКОЗ алармираше дека мора да се почитуваат и ценат работниците за да не се случи тоа на што перидов сме сведоци - како работодавачите од овие сектори бараат работници и се жалат, па им порачуваме на тие газди сами да си работат или да им се извинат на работниците, да ги вратат и платат согласно работното место кое го работат со коефициентите за плата пропишани во Колективниот договор за угостителство и туризам, за да се спаси туристичката сезона.

Работниците кои работат во овие сектори ги охрабруваме, прекршувањата на нивните работнички права да ги пријават до СУТКОЗ и ССМ преку мобилната апликација ССМ - мои работнички права, бесплатниот телефонски број 070 818 878, или по меил на prijavi@ssm.org.mk за да можеме навремено да интервенираме“, се вели во соопштението од СУТКОЗ.

Слично

Поврзани вести